НАСИЛНИК ГИ ИСЕКОЛ ЦЕВКИТЕ ЗА ГАС ДО ОПЕРАЦИОНАТА САЛА ВО СТРУШКАТА БОЛНИЦА ЗА НЕФРОЛОГИЈА И СИ ЗАМИНАЛ

    НАСИЛНИК ГИ ИСЕКОЛ ЦЕВКИТЕ ЗА ГАС ДО ОПЕРАЦИОНАТА САЛА ВО СТРУШКАТА БОЛНИЦА ЗА НЕФРОЛОГИЈА И СИ ЗАМИНАЛAнестезиолог во струшката Специјализирана болницата за нефрологија го пријавил оштетувањето. (Архивска фотографија)

    Исечени се бакарните цевки кои произведувале медицински гас до операционата сала во Специјализирана болница за нефрологија во Струга, соопшти МВР откако вчера анестезиолог во болницата го пријавил оштетувањето.

    Како што соопшти МВР, оштетувањето се случило на 17 март по 17 часот, кога непознат човек со предмет насилно удирал на цевките на централниот довод за гасови на машинската куќа до салата за операција во болницата, така што прво била оштетена надворешната обвивка, потоа во внатрешноста од цевката насилно биле исечени бакарните цевки кои произведувале медицински гас до операционата сала во зградата. Потоа, насилникот си заминал.

    „Украдени се неколку метри бакарни цевки за азотен оксидул. Операциите одат непречено. Дел саниравме, а дел ќе санираме. Немаше опасност. Секогаш имаме доволно кислород во боци и концентратори за кислород“, ни изјави директорот на струшка Нефрологија Александар Попоски.

    Екипа на Полициската станица во Струга извршила увид и работи на случајот.

    Ова не е прв инцидент за оштетување на опремата во болниците. Лани на 23 август некој ги оштети цевките од доводот за кислород во Тетовската болница со што беа загоозени животите 120 ковид пациенти кои во тоа време беа хоспитализирани и беа на кислородна поддршка, но полицијата не го најде сторителот. На 18 септември лани, со хебла беше оштетена таблата за електрична енергија на модуларната болницата во Прилеп.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира