БЛОКАДА СО ЗАПАЛЕНО ЃУБРЕ НА ОБИКОЛНИЦАТА НАД БИТОЛА, ЖИТЕЛИТЕ НА БАИР ПРОТЕСТИРАА ОТИ СЕ БЕЗ СТРУЈА

    БЛОКАДА СО ЗАПАЛЕНО ЃУБРЕ НА ОБИКОЛНИЦАТА НАД БИТОЛА, ЖИТЕЛИТЕ НА БАИР ПРОТЕСТИРАА ОТИ СЕ БЕЗ СТРУЈАОва се случува за првпат откако пред година и пол беше поставен заштитен ѕид на обиколницата. (Фото: СДК.МК)

    Со палење отпад од локалните жители синоќа повторно беше во прекин сообраќајот на битолската обиколница. Од Автомото Сојузот на Македонија соопштија дека прекинот почнал во 19,40 часот на патниот правец А3 Битола-Ресен поради поставен отпад од жителите од населбата Баир, кои протестираа што дел од семејствата се без струја.

    Ваквите блокади во минатото беа многу чести, па се случуваше патот да не е во функција со денови. Но, ова се случува за првпат откако пред година и пол беше поставен заштитен ѕид на обиколницата. Целта беше да се обезбеди поголема заштита за населението кое живее непосредно крај коловозот, но и да се спречи фрлање и палење на смет на сообраќајницата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира