УАПСЕН КРАДЕЦОТ НА ЗЕЈТИН, БРАШНО, ШЕЌЕР И СМРЗНАТИ ПИЛИЊА ОД ГРАДИНКА ВО ВЕЛЕС

    УАПСЕН КРАДЕЦОТ НА ЗЕЈТИН, БРАШНО, ШЕЌЕР И СМРЗНАТИ ПИЛИЊА ОД ГРАДИНКА ВО ВЕЛЕСКражбата се случи на 14 март во централниот магацин на градинката „Ѕвончица“ (Фото: СДК.МК)

    МВР објави дека го уапсило лицето осомничено дека од централниот магацин на градинката „Ѕвончица“ во Велес ја украло целата резерва на храна, со која за децата се подготвуваа дневните оброци.

    „На 23 март, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М. З. (31) од Велес. Тој се сомничи дека на 14 март влегол во градинката на улицата Коле Цветков во Велес и од магацинскиот простор одзел повеќе производи“, соопшти МВР.

    М. З. бил приведен, а одземените производи биле пронајдени кај него и вратени во градинката. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    При кражбата, сторителот ги онеспособил алармот и камерите во магацинскиот простор. Притоа беа одземени по 100 килограми масло за јадење и брашно, шеќер, сол, ориз, грав, кашкавал, сирење, смрзнати пилиња, конзерви, како и неколку славини од вецето, што предизвикало поплава.

    Пред неколку дена беше уапсено и лицето кое ја украде касата со донации од велешка гостилница, чии средства се користеа за подготовка на храна за социјално ранливите категории од Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира