ИЗГОРЕ УШТЕ ЕДЕН ДВОКАТЕН КИНЕСКИ АВТОБУС НА ЈСП „СКОПЈЕ“, НЕМА ПОВРЕДЕНИ ПАТНИЦИ

    ИЗГОРЕ УШТЕ ЕДЕН ДВОКАТЕН КИНЕСКИ АВТОБУС НА ЈСП „СКОПЈЕ“, НЕМА ПОВРЕДЕНИ ПАТНИЦИПожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот. (Фото: СДК.МК)

    Изгоре уште еден двокатен кинески автобус на ЈСП „Скопје“. Како што соопшти јавното претпријатие, неколку минути пред пладне избувнал пожар во автобус на линијата 57. Нема повредени патници, причинета е само материјална штета.

    „Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната постојка во Нерези и во него немало патници. Внатрешната контрола на ЈСП ‘Скопје‘ веднаш излезе на терен, при што од изјавата на возачот и сведоци, констатираше дека пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот. Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета“, велат од ЈСП „Скопје“.

    Покрај возачот, во гасењето на пожарот интервенирало и Пожарната единица на Град Скопје со едно возило.

    Ова не е првпат да се запали кинески двокатен автобус. Лани во ноември се запали автобус на линијата 7, а пред две години на линијата 5 во населбата Ѓорче Петров. И во двата случаи пожарот избувна во делот кај моторот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира