СПАС ЗА УКРАИНА, АПЕЛИРАА СВЕТСКИТЕ МУЗИЧКИ ЅВЕЗДИ НА КОНЦЕРТОТ КОЈ СЕ ПРЕНЕСУВАШЕ И НА ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ

    СПАС ЗА УКРАИНА, АПЕЛИРАА СВЕТСКИТЕ МУЗИЧКИ ЅВЕЗДИ НА КОНЦЕРТОТ КОЈ СЕ ПРЕНЕСУВАШЕ И НА ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕНа концертот настапија голом број светски ѕвезди како Мадона, Стинг, групата „Ју ту“. (Фото: К.Попов)

    Светските музички ѕвезди денеска пееја за спас на Украина, а концертот можеше да се следи и на видеобим на Плоштадот Македонија во Скопје.  Настанот на Плоштадот го организираше Амбасадата на Украина во земјава, од каде порачаа дека целиот свет е сведок на бруталната војна која руската федерација ја започна и ја води во Украина.

    „Веќе еден месец украинскиот народ се бори за својата слобода, независност и суверенитет. Целиот свет нè поддржува“, рекоа од Украинската амбасада.

    На концертот  под мотото „Спас за Украина“ настапија украински и светски музички ѕвезди како Јамала, Руслана, Стинг, Ед Ширан, Брајан Адамс, „Ју-Ту“, Мадона, Елтон Џон и многу други.

    Концертот на Плоштадот го следеше и американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира