ХРВАТСКИОТ РАКОМЕТАР НА БУТЕЛ, ДЕНИС ТОТ, ПОЧИНА НА 27 ГОДИНИ

    ХРВАТСКИОТ РАКОМЕТАР НА БУТЕЛ, ДЕНИС ТОТ, ПОЧИНА НА 27 ГОДИНИТот летоска премина во Бутел од редовите на Охрид (Фото: Фејсбук)

    Ракометарот на Бутел, Денис Тот, почина на 27 години. Хрватскиот интернационалец вчераутро бил примен на КАРИЛ во бессознание и во критична состојба, при што на неговото тело немало траги на насилство, соопшти Министерството за внатрешни работи.

    Тот, кој играше на позицијата десен бек, премина во скопскиот суперлигаш пред почетокот на оваа сезона, откако претходно настапуваше за Охрид. Во кариерата го носеше и дресот на хрватските клубови Ѓаково, Пореч и Бјеловар, Адемар Леон (Шпанија) и Брик (Австрија).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира