Да се укине задолжителното поседување на сертификат за вакцинација или прележаност на ковид за влез во земјава, но тие ќе мора да се поседуваат за влез во ресторани и барови, предложи Комисијата за заразни болести. Оваа мерка не е укината, зашто од Комисијата сметаат дека одеднаш не е добро да се укине сè, туку постепено. Предлогот за влез во земјава без сертификат треба да биде изгласан и на Влада.
Владата вчера ја укина мерката за задолжително носење маски во затворeни простории освен во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби.
Ж. ЗДРАВКОВСКА