ГОЛЕМО ПОЛИЦИСКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО БИТОЛА ЗА ОТВОРАЊЕТО НА БУГАРСКИОТ КЛУБ „ВАНЧО МИХАЈЛОВ“

    ГОЛЕМО ПОЛИЦИСКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО БИТОЛА ЗА ОТВОРАЊЕТО НА БУГАРСКИОТ КЛУБ „ВАНЧО МИХАЈЛОВ“Полициски екипи го обезбдуваат просторот и не дозволуваат лицата кои протестираат да се доближат до клубот. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Голем број граѓани попладнево излегоа во центарот на Битола против отварањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов ВМРО“. На отворањето треба да присуствува и премиерот на Бугарија Кирил Петков.

    Забележително е присуство на голем број полициски екипи кои го обезбдуваат просторот и не дозволуваат лицата кои протестираат да се доближат до клубот.

    Никола Костурски oд заедница на Македонците протерани од Грција рече дека протестот не е против бугарскиот народ, туку против бугарската влада која ги негира и не ги признава Македонците.

    На отворањето на клубот ќе присуствува и бугарскиот премиер Кирил Петков. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Вчера за отворањето на клубот реагираа од Сојузот на борци и граѓаните продолжувачи од Битола, како организација која се грижи за негување на традициите и придобивките од Народноослободителната борба и Антифашистичката војна на Македонија. Велат дека со името што се става на клубот се врши рехабилитација на фашистичката идеологија и се промовира историски ревизионизам.

    „Преку името на еден од најголемите експоненти на фашизмот и недвојбениот соработник на фашистичките главешини Хитлер, Мусолини, Анте Павелиќ и царот Борис III, се врши промоција и рехабилитација на фашистичката идеологија, милитаризмот и антимакедонските политики од времето на Втората светска војна. Се промовира историографски ревизионизам насочен кон негирање на НОВ на македонскиот народ и нејзините придобивки во поглед на афирмација на македонскиот нациоинален индивидуалитет и македонската национална држава и се врши навреда на македонското национално донстоинство“, пишува во нивното соопштение.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира