ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА КУЛТНАТА САЛА „ПАРТИЗАН“ ВО СКОПСКИ КАРПОШ, ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ЗА 18 МЕСЕЦИ

    ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА КУЛТНАТА САЛА „ПАРТИЗАН“ ВО СКОПСКИ КАРПОШ, ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ЗА 18 МЕСЕЦИКомплетно ќе се изврши демонтажа и реконструкција на внатрешноста и надворешноста на салата според избраното идејно решение. (Фото: Влада на РСМ)

    Агенцијата за млади и спорт денеска почна со реконструкција на култната сала „Партизан“ во скопски Карпош 4. Како што кажа директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, комплетно ќе се изврши демонтажа и реконструкција на внатрешноста и надворешноста на салата според избраното идејно решение.

    За година и половина повторно ќе ја вратиме во функција оваа култна сала за Скопје. Ќе успееме достоинствено да ја вратиме и исполниме со спортисти, натпревари и публика. Реконструкцијата ќе чини 69 милиони денари (1,1 милион евра) кои се обезбедени од Владата. Изведувач на градежните работи е фирмата Спектартермо‘“, рече Мојсоски.

    Салата „Партизан“ повеќе од 20 години не функционира и со години стои распадната, запуштена, искршена, полна со ѓубре и отпадоци. САКАМДАКАЖАМ.МК во јануари 2019 алармираше за состојбата на салата, по што тогашниот градоначалник Стефан Богоев најави нејзина реконструкција и враќање во употреба. Беше избрано идејно-решение од архитекти од Шпанија и Бразил кои го донираа проектот на Општината.

    Спортската сала „Наум Наумовски-Борче“ или позната кај скопјани како „Партизан“ е изградена во 1969, како донација на француската влада за обнова на Скопје после катастрофалниот земјотрес во 1963.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира