Францускиот актер Вaнсoн Лендон ќе претседава со жирито за Златната палма на 75. Кански филмски фестивал (17-28 мај). Лендон доаѓа по Спајк Ли од САД, кој претседаваше со жирито на ланското издание на фестивалот.
Лендон, кој има учествувно во конкуренцијата во Кан со дури осум филмови, а за улогата во „Мерка на човек“ во 2015 освои и награда за најдобар актер, е првиот Французин претседател на жирито по Изабел Ипер во 2009.
Во осумчленото жири се актерките и режисерки Британката Ребека Хол, Италијанката Јасмин Тринка, Швеѓанката Нооми Рапасе и Индијката Дипика Падукон, како и режисерите Џеф Николс од САД, Јоаким Трир од Норвешка, Асгар Фархади од Иран и Лаџ Ли од Франција.
Жирито победниците ќе ги избере меѓу 21 филм во трката за Златната палма.