САД ЈА ОБВИНИ РУСИЈА ЗА ИЗОПАЧЕНОСТ И БРУТАЛНОСТ ВО УКРАИНА

    САД ЈА ОБВИНИ РУСИЈА ЗА ИЗОПАЧЕНОСТ И БРУТАЛНОСТ ВО УКРАИНАРусија вчера потврди дека дека го ракетирала Киев за време на посетата на генералниот секретар на ОН. (Фото: АП)

    Министерството за одбрана на САД го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека постапил со „изопаченост“ во неговата инвазија на Украина. Портпаролот Џон Кирби беше видно емотивен кога праша како некој „морален“ може да ги оправда злосторствата извршени од Русија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека сè уште е отворен за мировни преговори со Путин. Но, тој рече дека постои голем ризик тие да пропаднат поради руската агресија.

    Во изјави за полските медиуми, Зеленски рече дека сака да се сретне со Путин бидејќи „еден човек одлучува за сè“ во Русија. Но, уништувањето што го оставија руските сили во окупираните области ги направи излишни сите дискусии, рече тој. „По Буча и Мариупол, луѓето само сакаат да ги убијат. Кога постои таков став, тешко е да се зборува за било што“, рече Зеленски.

    Завчера, Украина објави потера по 10 руски војници обвинети за воени злосторства во Буча, предградие северно од Киев, каде што беа убиени најмалку 400 цивили.

    „Мислам дека целосно не го оценивме степенот до кој (Путин) би посегнал по тој вид насилство и суровост“, рече Кирби.

    Тој ги отфрли наведените оправдувања на Путин за инвазијата – дека ги штити Русите и Украина од нацизмот – додавајќи: „Тешко е да се оправда таа реторика со она што тој всушност им го прави внатре во Украина на невини луѓе, застрелани во тилот, со врзани раце зад грб, бремени жени се убиени, болници бомбардирани“.

    Дописникот на „Би-Би-Си“ во Киев јави дека има се повеќе докази оти Русија насилно депортирала голем број цивили преку границата откако ја нападна земјата во февруари.

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено денеска изјави дека повеќе од еден милион луѓе се евакуирани од Украина во Русија од почетокот на војната во февруари. Лавров за кинеската државна новинска агенција Хсинхуа изјави дека во земјата има околу 120.000 странци, покрај стотиците илјади луѓе од отцепените региони на источна Украина, Доњецк и Луганск, поддржани од Русија.

    Украинскиот вицепремиер изјави за „Би-Би-Си“ дека Москва се обидела да тргува со украински цивили за руски воени затвореници – потег што е забранет со Женевската конвенција.

    Русија вчера потврди дека нејзината војска извршила воздушен напад врз главниот град на Украина за време на посетата на генералниот секретар на ОН. Новинарката на Радио Слободна Европа Вира Хирч беше убиена во нападот – прв од ваков вид во Киев по речиси две недели – откако станбената зграда во која живееше беше погодена со проектил. Руското Министерство за одбрана соопшти дека распоредило „високопрецизно оружје со долг дострел“ чија цел била фабрика за ракети во Киев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира