ЕСМА ВО БОЛНИЦА ВО ТЕШКА СОСТОЈБА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕСМА ВО БОЛНИЦА ВО ТЕШКА СОСТОЈБА

    Кралицата на ромската музика Есма Реџепова од вчера е во болница во Скопје. Била примена во тешка состоба, а докторите и денес се обидуват да ја стабилизираат, дознава неофицијално САКАМДАКАЖАМ.МК. Нејзините блиски потврдија дека Есма има здравствени проблеми, но се надеваат дека се ќе биде во ред и не сакаат да даваат официјални изјави.

    Есма, поради влошена здравствена состојба во болница заврши и пред две години, во декември 2014 кога се пожалила дека ѝ е многу лошо.

    Есма е носител на титулата Национален уметник на РМ од 2013, а на 30 октомври годинава во Торонто беше промовирана монографија за нејзината 55-годишна кариера. Монографијата е посветена на Есма, на нејзиниот покоен сопруг СтевоТеодосиевски и ансамблот „Теодосиевски“ и на сите генерации музичари што тие ги одгледале.

    Годинава Есма имаше бројни настапи меѓу кои“ најистакнати беа оние во Конгресната библиотека и Кенеди центарот во Вашингтон во рамките на турнејата низ САД, а на крајот на август пееше и на хуманитарниот концерт за поплавените во скопско.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира