УТРЕ МОЛИТВА ЗА МИР ВО УКРАИНА ВО СИТЕ ЦРКВИ И ЏАМИИ ВО ЗЕМЈАВА

    УТРЕ МОЛИТВА ЗА МИР ВО УКРАИНА ВО СИТЕ ЦРКВИ И ЏАМИИ ВО ЗЕМЈАВАОд протестот во Скопје против руската агресија на здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ на 6 март. (Фото: СДК.МК)

    Tрите најголеми верски заедници во земјава утре ќе одржат верски обреди посветени на мир во Украина и во целиот свет, соопшти здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“.

    Во градските и приградските храмови на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), веднаш по литургијата од 8 часот ќе биде отслужен молебен за мир во Украина и во светото. Исламската верска заедница (ИВЗ) утре една од петте молитви во џамиите низ целата земја ќе ја посвети за мир во Украина. Во македонската Католичка црква почетокот на мисата за мир во Украина е во 10.30 часот.

    Од „Лесја Украинка“ велат дека се повикани се и другите верски заедници во земјава да се придружат до иницијативата за одржување молитва за мир во Украина на истиот ден на територијата на целата земјава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира