УКРАИНСКАТА ГРУПА „КАЛУШ ОРКЕСТАР“ ВЛЕЗЕ ВО ФИНАЛЕТО НА ЕВРОВИЗИЈА, ФАВОРИТ Е ЗА ПОБЕДА

    УКРАИНСКАТА ГРУПА „КАЛУШ ОРКЕСТАР“ ВЛЕЗЕ ВО ФИНАЛЕТО НА ЕВРОВИЗИЈА, ФАВОРИТ Е ЗА ПОБЕДАГрупата мораше да добие специјална дозвола од владата за да патува во Италија, оти повеќето мажи мора да останат во земјата за да се борат против руската агресија. (Фото: АП)

    Украинската група „Калуш оркестар“ влезе во големото финале на Евровизија што ќе се одржи в сабота во Торино, Италија. Тоа значи дека бендот ја зацврсти својата позиција како фаворит во конкуренцијата.

    Од првото полуфинале во саботното финале влегоа и Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Молдавија и Холандија. Обединетото Кралство, Германија, Италија, Шпанија и Франција – познати како Големата петорка – автоматски се во финалето. Но, евровизиското патување заврши за Албанија, Латвија, Словенија, Бугарија, Хрватска, Данска и Австрија.

    Украинската група за фолк-рап песната „Стефанија“ рече дека е почит кон мајката на пејачката, но потоа ја посвети на сите мајки во земјата по руската инвазија која започна во февруари. Украинскиот ТВ коментатор на Евросонг Тимур Мирошниченко, вчера коментираше засолнет во скривница. Во деновите пред настапот во Торино, бендот беше на насловните страници кога членовите се објавија снимени на видео на улиците на Киев со оружје како дел од одбраната на Украина од руската офанзива.

    Групата мораше да добие специјална дозвола од владата за да патува во Италија, оти повеќето мажи мора да останат во земјата за да се борат. Пејачот на групата Олег Псјук пред настапот изјави дека е фокусиран на победа.

    „Мислам дека победата е важна.Тоа би било важно за секој Украинец и би било заслуга на секој Украинец во моментов, бидејќи секаков вид победа од кој било аспект е многу важен за Украинците – особено во ова време. Тоа би го подигнало духот на нашиот народ“, рече тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира