ДА НЕ СЕ ОБЈАВУВААТ СЦЕНИ СО ДЕЦА ВО ПОЛИТИЧКА КАМПАЊА, АПЕЛИРА ОМБУДСМАНОТ ДО МЕДИУМИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДА НЕ СЕ ОБЈАВУВААТ СЦЕНИ СО ДЕЦА ВО ПОЛИТИЧКА КАМПАЊА, АПЕЛИРА ОМБУДСМАНОТ ДО МЕДИУМИТЕ

     

    Народниот правобранител Иџет Мемети отворил постапка за вклучување на деца во изборна кампања. Тој засега не кажува која е партијата што го скршила на ваков начин Изборниот законик.

    “По наша иницијатива имаме отворено една постапка во однос на злоупотреба на децата за настан во училиште од страна на една политичка партија, каде што децата биле принудени да следат и да мора да учествуваат кај што не треба да учествуваат. И оттука беше моето предупредување до политичките партии додека трае кампањата да не ги злоупотребуваат, да не ги вклучуваат децата“, изјави денеска Мемети.

    „Апелирам и до вас медиумите, ако има такви сцени да не ги објавувате“, рече тој.

    Прашан дали има пријавени граѓани кои се жалат на притисоци од партиите и на државните институции на бесплатниот број кај Народниот правобранител, тој одговори:

    “Досега имаме неколку јавувања на граѓани и вработени во јавната администрација по однос на прекршување на нивното изборно право за време на кампањата. Освен три покрупни претставки по однос на заплашување, имаме неколку и за слабата работа на Државната изборна комисија“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира