УСЛОВНА КАЗНА ОД ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР ЗА БИТОЛЧАНЕЦОТ КОЈ ОБЈАВУВАЛ ФОТОГРАФИИ ОД БИВШАТА ДЕВОЈКА ВО „ЈАВНА СОБА“

    УСЛОВНА КАЗНА ОД ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР ЗА БИТОЛЧАНЕЦОТ КОЈ ОБЈАВУВАЛ ФОТОГРАФИИ ОД БИВШАТА ДЕВОЈКА ВО „ЈАВНА СОБА“Битолчанецот е осуден за сторено кривично дело загрозување на сигурноста, злоупотреба на лични податоци и неовластено снимање, а девоката ќе добие отштета. (Фото: СДК.МК)

    Условна казна од една година затвор е пресудата за битолскиот случај со групата „Јавна соба“ на платформата Телеграм, во кој обвинетиот кој злоупотреби интимни фотографии од поранешната девојка и ги објави на социјалните мрежи ќе биде казнет, а жената ќе добие отштета. Битолчанецот е осуден за сторено кривично дело загрозување на сигурноста, злоупотреба на лични податоци и неовластено снимање.

    Иако пресудата од една година затвор е условна, сепак ова е опомена да нема злоупотреби на туѓи фотографии на социјалните мрежи.

    Адвокатката Катерина Котеска-Калајџиевски, која го доби спорот по две години судење, вели дека пресудата е условна, па ако во рок од една години обвинетиот не стори ново кривично дело, нема да помине една година во затвор. Одлуката е правосилна. Адвокатката истакна дека нејзината клиентка била изложена на срам со јавно објавување на интимни фотографии, па преживеала голгота, а чинот наместо да се осуди, бил предмет на јавен потсмев.

    „Горда сум што го водев и добив случајот. Докажавме дека никој не смее да објавува нешто што е пратено во доверба. Сите што ќе се обидат ќе бидат казнети. Правдата е секогаш на вистинската страна“, рече адокатката Котеска-Калајџивевски.

    Скандалозната група „Јавна соба“ на Телеграм ја брануваше јавноста во изминатите две години објавувајќи експлицитни фотографии на девојки, имаше повеќе од 6.500 членови и беа споделени околу 10.000 фотографии и видеа. МВР истражуваше кој стои зад групата, па беа приведени битолчанец и велешанец.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира