Здружението на Украинци во Македонија „Лесја Украинка“ денеска одржа мирен протест пред руската амбасада во Скопје. Со украински знамиња и транспаренти во рацете, Украинците кои живеат во земјава уште еднаш побараа да прекине руската воена агресија врз Украина.
„Овој протест го организираме за да потсетиме на злосторствата извршени врз Украина и на одземените невини животи, вклучително и на деца“, рекоа од здружението „Лесја Украинка“.
Руската воена агресија врз Украина трае 3,5 месеци односно од 24 февруари и досега загинаа илјадници цивили, а над 4 милиони се раселени низ Европа и Америка.