УШТЕ 3 МИЛИОНИ ЕВРА СУБВЕНЦИИ ОД ГРАД СКОПЈЕ ЗА ЈСП „СКОПЈЕ“

    УШТЕ 3 МИЛИОНИ ЕВРА СУБВЕНЦИИ ОД ГРАД СКОПЈЕ ЗА ЈСП „СКОПЈЕ“Со буџетот за 2022 година кон почетокот на годинава на јавното претпријатие му беа исплатени субвенции во висина од 5.6 милиони евра. (Фото: СДК.МК)

    Дополнителни 3 милиони евра субвенции ќе се исплатат од буџетот на Град Скопје на ЈСП „Скопје“ поради потешкотии во работењето и бесплатниот автобуски превоз за пензионери. Со буџетот за 2022 година, кон почетокот на годинава на јавното претпријатие му беа исплатени субвенции во висина од 5,6 милиони евра. На вчерашната седница на Советот на Град Скопје беше донесена одлука со која се зголемува висината на субвенциите за дополнителни 3 милиони евра.

    Па така, ставката за спроведување на мерката бесплатен автобуски превоз за пензионери од 40 милиони денари се зголемува на 100 милиони денари односно од 650.000 евра на 1,6 милиони евра. За потешкотии во работењето на претпријатието на почетокот на годинава беа исплатени 250 милиони денари или 4 милиони евра, а засега таа ставка се зголемува на 370 милиони денари или плус 2 милиони евра.

    ЈСП „Скопје“ со години е во загуби и за да можат да се исплати плата на вработените и да се подмират обрвските кон добавувачи постојано добива субвенции од буџетот на Град Скопје.

    Градоначалничката Данела Арсовска во својата изборна кампања вети бесплатен автобуски превоз за сите граѓани, а откако дојде на функција рече дека ветувањето ќе се реализира за две години.

    Сега бесплатно во јавниот превоз се возат пензионерите, средношколците и студентите. На вчерашната седницата беше донесена одлука со која бесплатниот билет за средношколците ќе важи и за време на летниот распуст.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира