ЗЛАТНА ЅВЕЗДА НА СИНЕДЕЈС ЗА „107 МАЈКИ“ НА ПЕТЕР КЕРКЕШ

    ЗЛАТНА ЅВЕЗДА НА СИНЕДЕЈС ЗА „107 МАЈКИ“ НА ПЕТЕР КЕРКЕШ„Нема да си сама“ на Горан Столевски го затвори 21. Синедејс; - Столевски и актерката Сара Климоска. (Фото: Синедејс)

    „107 мајки“ на Петер Керекеш ја освои Златната ѕвезда за најдобар филм на 21. Синедејс, филмскиот фестивал на европскиот филм што заврши синоќа во Скопје. Сребрена ѕвезда за најдобра режија доби „Оркестар“ на Матеуж Лузар, а Сина ѕвезда за најдобро сценарио „Други луѓи“ на Александра Терпинска.

    Специјално признание освои актерката Наталија Теодосиева за  главната улога во „Мими“ на Даријан Пејовски, што го отвори фестивалот.

    Во селекцијата Југоисточна Европа, Златно сонце за најдобар филм доби „Вера сонува за морето“ на Калтрина Красниќи, а специјално признание доби режисерот Иван Бакрач за „По зимата“.

    Филмот „Нема да си сама“ на Горан Столевски го затвори 21. Синедејс, а фестивалот соопшти дека ова издание со над 50 филмови имаше над 15.000 гледачи.

    „Го отворивме и затворивме фестивалот со две македонски режисерски имиња, Даријан Пејовски и Горан Столевски. Имавме ексклузивитет со проекии на канските филмови. Ни гостуваа регионални и европски режисерски имиња како гости. Полни проекции и работилници. Вака сумирани резултатите ни дозволуваат да бидеме презадоволни од овој Синедејс и веднаш да се впуштиме во подготовка на новото 22. издание со овој стандард пред нас, кој ни покажува дека ние тимот на МКЦ можеме и знаеме“, рече Маргарита Арсова, координаторка на Синедејс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира