САД ГО ПОЗДРАВУВА ГЛАСАЊЕТО ВО МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, ОВА Е КРИТИЧЕН МОМЕНТ ЗА ЕВРОПА, КАЖА БЛИНКЕН

    САД ГО ПОЗДРАВУВА ГЛАСАЊЕТО ВО МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, ОВА Е КРИТИЧЕН МОМЕНТ ЗА ЕВРОПА, КАЖА БЛИНКЕНПретседателот на Европскиот совет Шарл Мишел најави дека првата меѓувладина конференција на ЕУ со Македонија ќе се одржи следната недела. - Од гласањето во Собранието за заклучоците (Фото: К. Попов)

    Државниот секретар Ентони Блинкен кажа дека САД го поздравуваат гласањето во македонскиот парламент и ги поддржуваат Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, по денешното изгласување на заклучоците за францускиот предлог во Собранието.

    „САД го поздравуваат гласањето во парламентот на Северна Македонија да напредува по својот пат он ЕУ, во согласност со вредностите и аспирациите на своите граѓани. Ова е критичен момент за Европа. Ги поддржуваме Северна Македонија и Албанија како што се движат напред во пристапниот процес на ЕУ“, напиша Блинкен на Твитер.

    Гласањето го поздрави и германскиот канцелар Олаф Шолц.

    „Го поздравувам гласањето во македонскиот парламент, поплочувајќи го патот за првите пристапни конференции на Европската унија со Северна Македонија и Албанија. Ве сакаме како членки на Европската унија и ќе бидеме покрај вас цело време“, вели Шолц.

    Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен кажа дека Македонија искористила историска шанса и направила голем чекор кон својата европска иднина.

    „Честитки за Северна Македонија за гласањето кое што го поплочува патот за брзо отворање на пристапните преговори. Ова беше историска шанса и вие ја искористивте. Голем чекор на вашиот пат кон европска иднина. Ваша иднина“, рече Фон дер Лајен.

    Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел најави дека првата меѓувладина конференција на ЕУ со Македонија ќе се одржи следната недела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира