Украински транспортен авион со оружје и воена опрема се урна во ноќва во 22:40 часот во близина на селото Палеохори, Кавала. Последната ознака на радарот беше 10 наутички милји западно од Кавала. Авионот полетал од Ниш во Србија, влегол во грчкиот воздушен простор, свртел кон аеродромот во Кавала и најверојатно требало да слета пред да се урне.
Србија продава оружје и на Украина и на Русија. Ова е единствената држава во Европа која произведува голем број оружје што го користат двете завојувани страни. Неслучајно на видеото објавено минатата недела, Британците тренираат Украинци со сосема нови автомати „застава“ од српско производство.
На местото на несреќата веднаш се испратени противпожарни бригади и амбулантни возила. Снабдувањето со струја беше прекинато во околните села. Според информациите, авионот паднал на 10 километри северно од Елефтеруполис-Кавала, во Никисијани. Очевидци јавуваат дека жителите виделе оган од далеку, а се слушнале и експлозии.
Пилотот на украинскиот комерцијален авион испратил сигнал за помош до контролната кула на аеродромот Хрисуполи. Малку подоцна се виде како се запалил кај селото Палеохори, Кавала.