ПУКАЊЕ И НЕПРИЈАВЕНИ ОГНОМЕТИ ЗАЧЕСТИЈА НА СВАДБИТЕ ВО БИТОЛА, ПОЛИЦИЈАТА ВЕЛИ КАЗНАТА Е ДО 500 ЕВРА, АМА НЕМА КАЗНЕТИ

    ПУКАЊЕ И НЕПРИЈАВЕНИ ОГНОМЕТИ ЗАЧЕСТИЈА НА СВАДБИТЕ ВО БИТОЛА, ПОЛИЦИЈАТА ВЕЛИ КАЗНАТА Е ДО 500 ЕВРА, АМА НЕМА КАЗНЕТИЗависно од последиците, пукањето може да е и кривично дело предизвикување општа опасност, со затворска казна од една до пет години“, вели СВР Битола. (Фото: СДК.МК)

    Битолската полиција соопшти дека пукањето со огнено оружје на свадби и неовластено организирање огномети зачестија во последно време при свадби и други прослави. Полицијата апелира до граѓаните да се воздржат од вакви активности и вели дека на терен се преземаат интензивни мерки за контрола и превенција. Најавени се зачестени контроли за откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир.

    „Предупредуваме дека неовластеното пукање на семејни веселби може да биде санкционирано како прекршок и да биде кривично дело. Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок, согласно член 31 се движи од 200 до 500 евра. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело предизвикување општа опасност, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години“, соопштија од СВР Битола.

    Свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полиција. Истото се однесува и на други свечености кои ќе се организираат по различни поводи.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира