БЕСА ПРОГЛАСИ ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ ЗА СОВЕТ НА ОПШТИНА ТЕТОВО, КУРТОВСКИ ОД СДСМ Е ГРАДОНАЧАЛНИК НА МАВРОВО-РОСТУШЕ, А ИБРАИМ НА ЖУПА

    БЕСА ПРОГЛАСИ ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ ЗА СОВЕТ НА ОПШТИНА ТЕТОВО, КУРТОВСКИ ОД СДСМ Е ГРАДОНАЧАЛНИК НА МАВРОВО-РОСТУШЕ, А ИБРАИМ НА ЖУПАИако конечните резултати се уште не се готови, Касами верува дека неговата партија во новиот Совет на Општината ќе има 12 советници, четворица повеќе отколку во минатиот состав. (Фото: СДК.МК)

    Со вклучени сирени и развиорени албански и партиски знамиња на автомобилите низ градските улици, како и со зурли и тапани на плоштадот во Тетово, членовите и симпатизерите на БЕСА ја прославуваат победата на изборите за нов Совет на Општина Тетово. Иако од ДИК сé уште не се соопштени официјалните резултати за денешните избори, од БЕСА, според партиски податоци, посочуваат дека извојувале убедлива победа и освоиле најголем број советнички места во Советот на Општина Тетово.

    На големата прослава одржана на градскиот плоштад пред присутните се обрати актуелниот градоначалник на Општина Тетово и лидер на БЕСА Билал Касами.

    „На сите тетовци, без разлика на верска и етничка припадност, им ја честитам победата. Бевме принудени повторно да излеземе на избори и да победиме, а во овој случај тетовци излегоа како победници. БЕСА на овој плоштад ја отвори и ја затвори кампањата, а резултатот не можеше да биде подруг освен победа, а најслатка е победата затоа што некои други сакаа да ја искористат власта за да го деформираат резултатот. Тетовци покажаа дека силата не може пред нивната волја“, изјави Билал Касами.

    Иако конечните резултати се уште не се готови Касами верува дека неговата партија во новиот Совет на Општината ќе има 12 советници, четворица повеќе отколку во минатиот состав.

    Денеска имаше избори и за градоначалник на општините Маврово-Ростуше и на Центар Жупа.  Според првичните резултати од ДИК, во обете општини е постигнат цензусот и избрани се градоначалниц. Во Маврово-Ростуше. Медат Куртовски од СДСМ го победи Мевмед Џафери од ВМРО-ДПМНЕ, а во Жупа Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците поддржан од СДСМ.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира