Жени првпат официјално присуствуваа на натпревар од иранскиот фудбалски шампионат по исламската еволуција во 1979 година, објавија државните медиуми во Иран. Околу 500 жени беа на трибините на стадионот „Азади“ во Техеран синоќа. Последен пат во Иран имаше жени на трибините на квалификациски меч на иранската репрезентација пред три години.
На жените им е забрането да присуствуваат на натпревари на машки тимови според шиитските правила на власта.
Неколку ирански вебсајтови објавија дека одлуката да им се дозволи на жените пристап на стадионот е по писмото што го испрати ФИФА до иранските власти со повик да има повеќе жени на стадионите. Забранувањето пристап на жените на натпреварите е во спротивност со правилата на ФИФА.
Жените кои присуствуваа на натпреварот помеѓу Естегал и Мес-е Керман беа одделени од мажите.