РЕФЕРЕНДУМСКОТО ПРАШАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗНАЧИ ДА ГО ПРЕКИНЕМЕ ЕВРОПСКИОТ ПАТ, КАЖАА КОВАЧЕВСКИ И ПЕНДАРОВСКИ

    РЕФЕРЕНДУМСКОТО ПРАШАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗНАЧИ ДА ГО ПРЕКИНЕМЕ ЕВРОПСКИОТ ПАТ, КАЖАА КОВАЧЕВСКИ И ПЕНДАРОВСКИПремиерот Ковачевски кажа дека опозицијата прави референдум заради свои партиски потреби и заради задржување на позицијата во партијата на лидерот Христијан Мицкоски.(Фото: Влада)

    Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски нема да го поддржат рефендумот на ВМРО-ДПМНЕ за раскинување на Договорот со Бугарија. Велат дека референдумското прашање значи земјава да го прекине патот за членство во Европската унија.

    Прашањето на опозицијата практично е да го прекинеме европскиот пат, односно тоа гласи дали сакате да престанеме да одиме кон ЕУ. Она што ме чуди е зошто не го споменуваат и Договорот од Преспа во референдумското прашање бидејќи во преговарачката рамка во иста реченица стои и Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија“, рече претседателот Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско рашање по завршување на Советот за безбедност.

    Премиерот Ковачевски кажа дека опозицијата прави референдум заради свои партиски потреби и заради задржување на позицијата во партијата на лидерот Христијан Мицкоски.

    Било какво спречување на продолжување на процесот на евроинтеграции е правење штета на граѓаните. Колку брзо ќе се движеме на европскиот пат сега зависи само од нас сега. Се што се прави заради лични партиски цели е против членството на земјава во ЕУ. Јас верувам дека и во опозицијата има европски блок на политичари и тоа ќе се потврди кога ќе гласаат за уставните измени во Собранието“, кажа Ковачевски дополнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не гласаше против Договорот со Бугарија во Собранието.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера најави дека почнуваат со собирање на 150.000 потписи за распишување на задолжителен референдум за раскинување на Договорот со Бугарија. Референдумското прашање ќе гласи: „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија од 18.01.2018?“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира