УНГАРИЈА СЕ СОГЛАСИ ДА УСВОИ СЕРИЈА АНТИКОРУПЦИСКИ ЗАКОНИ ЗА ДА ДОБИЕ МИЛИЈАРДИ ОД ЕУ

    УНГАРИЈА СЕ СОГЛАСИ ДА УСВОИ СЕРИЈА АНТИКОРУПЦИСКИ ЗАКОНИ ЗА ДА ДОБИЕ МИЛИЈАРДИ ОД ЕУСо новите закони се предвидува формирање на независно тело за следење на користењето на фондовите на ЕУ, како и преземање чекори за зголемена транспарентност на јавните набавки. - Виктор Орбан (Фото: СДК.МК)

    Унгарската влада вели дека брзо ќе ги усвои новите закони за борба против корупција и поголема транспарентност во владините набавки. Со планот, Будимпешта сака да стави крај на спорот со Брисел кој блокираше милијарди евра помош од ЕУ за Унгарија.

    Шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан кажа дека законите ќе бидат доставени до парламентот следната недела и ако бидат одобрени од пратениците ќе стапат во сила во ноември.

    Со новите закони се предвидува формирање на независно тело за следење на користењето на фондовите на ЕУ, како и преземање чекори за зголемена транспарентност на јавните набавки.

    „Владата прифати дел од барањата на Европската комисија, а во области каде што не можевме да ги прифатиме, успеавме да постигнеме компромис на задоволство на двете страни“, кажа Гергели Гулаш.

    Европската комисија се очекуваше да препорача суспендирање на средствата за Унгарија поради сомневања за корупција. Брисел го обвинува Орбан за поткопување на владеењето на правото и за користење на европските пари за збогатување на неговите сојузници.

    Унгарија треба да добие 5,8 милијарди евра од фондот на ЕУ за закрепнување од пандемијата на ковид-19.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира