ЗАГРОЗЕНА БЕЗБЕДНОСТА НА ВРАБОТЕНИ СО ОШТЕТЕН СЛУХ ОТИ НИЗ ПРИВАТНАТА ПАРЦЕЛА НА ФИРМАТА БИТОЛСКОТО МУФТИСТВО ЌЕ АСФАЛТИРА ПАТ ЗА НА ГРОБИШТА

    ЗАГРОЗЕНА БЕЗБЕДНОСТА НА ВРАБОТЕНИ СО ОШТЕТЕН СЛУХ ОТИ НИЗ ПРИВАТНАТА ПАРЦЕЛА НА ФИРМАТА БИТОЛСКОТО МУФТИСТВО ЌЕ АСФАЛТИРА ПАТ ЗА НА ГРОБИШТАПатот минува низ имотот на фирмата и вработените излегуваат на него, носат цевки и други метаријали од работилницата во магацините, преминуваат преку него, вели сопственикот Методија Томулевски. (Фото: СДК.МК)

    Бизнисменот Методија Томулевски од Битола реагира дека се прават обиди од одредени инситуции и групи граѓани да го афалтираат патот кој минува низ неговата приватна парцела каде има отворено социјална фирма, за да служи како пристап до Муслиманските гробишта во Битола. Тој вчера ги запре екипите да стават асфалт на патот кој според имотниот лист е јавен но, во негова приватна сопственост. Реагира дека со тоа ќе се наруши целината на парцелата што ја купил пред повеќе од дваесет години, но најважно од сè и безбедноста на вработените меѓу кои има и лица со оштетен слух и говор.

    „Се бунам, зашто патот минува низ имотот на фирмата и вработените излегуваат на него, носат цевки и други метаријали од работилницата во магацините, преминуваат преку него. Имаме петмина вработени со оштетен слух и говор. Доколку патот се асфалтира тука ќе се вози и побрзо, па нема да бидат безбедни, ќе мора некој да оди со нив, да ги чува и да им кажува кога можат да поминат, а кога не“, вели Томулевски.

    Патот кој минува низ неговата парцела е околу 50 метри и потоа се надоврзува на друг кој води до Муслиманските гробишта и деновиве се санира. Досега, на своја драга волја им дозволуваше на верниците да минуваат по патот низ неговата парцела. Но, ако се постави нов асфалт смета дека ќе се вози побрзо. Државата никогаш не покажала интерес да му го откупи земјиштето на бизнисменот каде минува патот.

    „На Муфтиството му дозволив обиколен пат околу фирмата, кој е поширок, пак е на мојата парцела, но не минува на средина. Се наоѓа на триесет метри до постоечкиот. Но, не сакаат. Тој им го давам во замена за овој поради заштита на вработените“, додава Томулевски.

    Кога нашата екипа вчера беше на терен, пред фирмата имаше камион полн со афалт. Работниците од фирмата за асфалтирање го убедуваа сопственикот да му стават афалат, но тој не прифајќаше.

    Од Муфтиството, иако беа присустни на терен, не сакаа да зборуваат за проблемот и рекоа дека нема потреба од медиуми и новинари. Во неврзан разговор нафрлија дека ќе го асфалтираат тоа што е нивно, а не туѓото.

    Вакви случаи на јавни патишта кои минуваат низ приватни парцели имало и други во Битола. Пред две години, битолчанец одвај успеа да си го загради имотот зашто дел од него како пат користеа соседите за да стигнат до имотите, а тој парцелата ја имаше законски купено.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира