Пред седиштето на СДСМ во Битола е еуфорично, се слави и се извикува „Битола, слободен град“, јавува репортерот на САКАМДАКАЖАМ.МК.
Носител на листата на СДСМ во петтата изборна единица, каде е и Битола, е Радмила Шеќеринска. Противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ е Антонио Милошоски.
Според партиски извори, од досега преброените гласови, СДСМ има освоено 20.408, наспроти 16.908 на ВМРО-ДПМНЕ.
Според првичните резултати од ДИК, со обработени околу 10% од гласовите на цела територија, ВМРО-ДПМНЕ е во тесно водство.