ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА ЗА ВЕЛЕШАНЕЦ КОЈ ПРОБАЛ ДА УБИЕ СВЕДОК ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА

    ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА ЗА ВЕЛЕШАНЕЦ КОЈ ПРОБАЛ ДА УБИЕ СВЕДОК ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦАЖената била повикана како сведок за претходен настан каде осомничениот кршел чаши во игротека. (Фото: СДК.МК)

    Притвор во траење од 30 дена доби 26-годишен велешанец кој во полициска станица се обидел да убие сведок на негово насилство.

    „На 17 октомври, во полициска станица во Велес, тој се обидел да лиши од живот една жена која била повикана како сведок за претходен настан во населбата Речани, каде осомничениот кршел чаши во игротека. Под дејство на алкохол од 1,41 промили во крвта, осомничениот во полициската станица ја фатил за коса оштетената, ја повлекол и на вратот ѝ ставил нож кој го извадил од јакната. Веднаш реагирале полициски службеници и други сведоци на настанот кои успеале да го совладаат, да му го одземат ножот и да го спречат во намерата да ја лиши од живот“, соопшти Основното јавно обвинителство Велес.

    Јавен обвинител од донесе Наредба за спроведување истражна постапка против велешанецот кој е осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира