СКОПЈЕ НЕМА ДА ОСТАНЕ БЕЗ ВОДА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА РЕАГИРА ЗА ЗАКАНИТЕ НА СИНДИКАТОТ, КАЖА АРСОВСКА

    СКОПЈЕ НЕМА ДА ОСТАНЕ БЕЗ ВОДА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА РЕАГИРА ЗА ЗАКАНИТЕ НА СИНДИКАТОТ, КАЖА АРСОВСКААрсовска вели дека најавите на синдикатот за штрајк и прекинување на водоснабдувањето во Скопје не е борба за работничките права, туку политичко пресметување со неа. (Фото К. Попов)

    Градоначалничката Данела Арсовска денеска на прес-конференција кажа дека Скопје нема да остане без вода како што најавија од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). ССМ во петокот побара Арсовска итно да го резреши  в. д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Марјан Митовски оти ги малтретирал и деградирал вработените, во спротивно градот ќе остане без вода како што во четвртокот остана без јавен превоз.

    Арсовска вели дека најавите на Сојузот на синдикати на Македонија за штрајк и прекинување на водоснабдувањето во Скопје не е борба за работничките права, туку политчко пресметување со неа.

    „И покрај паниката којашто сакаат да ја креираат неколку иннстументализирани лица, сакам да ги смирам граѓаните, градот Скопје ќе има непречено, квалитетно и континуирано снабдување со вода. Апелирам до надлежните институции, до Јавното обвинителство да преземат соодветни дејствија како би се превенирало по оваа закана. Ничии работнички права не се прекршени и не станува збор за никакво деградирање на работници. Се работи за прераспределба на десетина лица, хоризонтално, што значи дека овие лица земаат иста плата, не им се намалени платите, но им се распределени работни задачи. Две лица зЕмаат плата над 60.000 денари, и сега ќе ја земаат, ама замислете ќе треба да работат“, рече Арсовска.

    Таа кажа дека изминативе години ЈП „Воводовод и канализација“, кое има 1.250 вработени, било биро за партиски вработувања, се вработувало администрација, а нема технички персонал. Нема, како што кажа, кој да работи на фекалната и атмосферската канализација, па се ангажирале надворешни фирми и се плаќале да вршат работи кои треба да ги работи „Водовод“.

    Кавгата меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ почна поради разрешување на директорот на „Водовод“  Златко Перински поради наводно местење на тендерот за пречистителна станица вреден 136 милиони евра. По кавгата, Арсовска за нов директор го постави Митовски кој не ги продолжи договорите за вработување на определено време на 100 лица, за кои Арсовска кажа дека се партиски кадри од месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ и претпријатието нема потреба од нивниот ангажман.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира