ОД ЧЕТВРТОК ШТРАЈК ВО СКОПСКИ „ВОДОВОД“, НЕМА ДА СЕ ИСКЛУЧАТ ВЕНТИЛИТЕ ЗА ВОДА ТУКУ ЌЕ НЕМА КОЈ ДА ГИ ПОПРАВИ ДЕФЕКТИТЕ, ВЕЛИ СИНДИКАТОТ

    ОД ЧЕТВРТОК ШТРАЈК ВО СКОПСКИ „ВОДОВОД“, НЕМА ДА СЕ ИСКЛУЧАТ ВЕНТИЛИТЕ ЗА ВОДА ТУКУ ЌЕ НЕМА КОЈ ДА ГИ ПОПРАВИ ДЕФЕКТИТЕ, ВЕЛИ СИНДИКАТОТАко во рокот од 10 дена со помош на медијатори не се најде решение за нивните барања, вработените ќе прекинат со извршување на своите работни задачи, вели ССМ. (Фото: К. Попов)

    Вработените во ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје од четврток ќе почнат да штрајкуваат, ако до утре градоначалничката Данела Арсовска не го разреши в. д. директорот Марјан Митовски. Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Дарко Димовски вели дека тие од утре ќе ја почнат законската постапка за штрајк, а ако во рокот од десет дена со помош на медијатори не се најде решение за нивните барања, вработените ќе прекинат со извршување на своите работни задачи.

    Ние нема да ги исклучиме вентилите за вода, туку ќе нема кој да ги поправа дефектите и поради тоа Скопје ќе нема вода. Градоначалничката Данела Арсовска да не шири паника, туку да помогне во борбата за остварување на правата на работниците и да ги спречи оние кои ги прекршуваат, а во спротивно ќе се потврдат фактите дека работничките права се кршат по нејзин диктат од нејзините шерифи кои, за потсетување, оставија повеќе од 1.000 работници во ЈСП без плата, а сега сака да остави повеќе од 1.000 работници во ‘Водовод и канализација‘ без работа доколку не се послушници на нејзиниот директор“, вели Димовски.

    Тој тврди дека во текот на денеска се врши притисок врз вработените сами да заминат од позициите на кои се поставени, бидејќи директорот и градоначалничката немаат таква можност.

    Градоначалничката Арсовска вчера не прес-конференција кажа дека најавениот штрај во „Водовод“ е политички инструиран од ВМРО-ДПМНЕ и дека партијата претпријатието го претворила во биро за вработување на партиски кадри. Таа побара Јавното обвинителство и другите државни органи да ги спречат заканите за секнување на водата во главнит град.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира