ДАНЕЛА ГО УРНА ЗНАКОТ „ЈА САКАМ КИСЕЛА ВОДА“ ШТО ГО ПОСТАВИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ

    ДАНЕЛА ГО УРНА ЗНАКОТ „ЈА САКАМ КИСЕЛА ВОДА“ ШТО ГО ПОСТАВИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИЃорѓиевски вели дека Арсовска наместо да работи си лечи фрустрации. (Фото: Фејсбук)

    Град Скопје денеска го урна знакот „Ја сакам Кисела Вода“ поставен на пешачкиот остров меѓу улицата Народни херои и булеварот Борис Трајковски. Овој знак беше поставен кон средината на јуни за да се разубави општината. Но, сега како што вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски,  градоначалничката Данела Аровска наместо да се занимава со проблемите на граѓаните, урива знаци кои се донација од граѓани. Додава дека е револтиран од Арсовска која ништо не работи и нема да дозволи вака да се однесува кон неговата општина и граѓаните.

    „Поставување на овој знак, беше иницијатива на граѓани. Пред пет месеци испративме барање до Градот Скопје, за кое добиме усмено одобрување лично од Арсовска, но не писмено, до денешен ден немаме буквално никаков одговор, што според закон, значи премолчено одобрување. Решението за отстранување на објектот е правно неиздржано поради тоа што во него, случајно или намерно, се бара отстранување на објект во Општината Аеродром, а не во Кисела Вода. Да водиш институција е многу сериозна работа и тоа не подразбира реваншизам, политичко инаетење и незрелост или правење на циркус со рушење на рекламни табли. Тоа подразбира решавање на проблеми на граѓаните и искрено се надевам дека дотичните од Градот Скопје ќе излезат од балонот  на гнев и реваншизам и конечно ќе ја сфатат улогата и функцијата за која се избрани“, вели Ѓорѓиевски.

    Во решението кое е адресирано до Општина Аеродром се вели дека знакот е поставен на несоодветна локација.

    Градоначалникот Ѓорѓиевски вели дека Арсовска изминатава една година ништо не направила за граѓаните на Кисела Вода со чии гласови дојде на функцијата.

    „Цела година нема разговарано со ниту еден стопанственик и сопственик на имот на трасата за проширување на булеварот Борис Трајковски кон Драчево, работите стојат во место. Шест месеци им требаше да го кренат паднатиот потпоред ѕид. Наместо да се посвети на она што го вети, дотичната лечи комплекси на мои граѓани, а секретарот Зоран Глигоров се заканува дека ќе сум имал последици ако се врати знаот. Покажувањето на сила кај мене не поминува, целосно застанувам зад моите сограѓани и знакот ‘Ја сакам Кисела Вода‘ ќе биде повторно вратен“, додава Ѓорѓиевски,

    Градоначалничката Данела Арсовска беше кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ на локалните изборите кои се одржаа пред една година. Тогаш заедно со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ  држеа митинзи и им ветуваа проекти за модерно Скопје и се фалеа меѓусебно. После нецела година, Арсовска се скара со ВМРО-ДПМНЕ и со лидерот Христијан Мицкоски, а ја прекина и соработката со градоначалниците.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира