НЕМА КАЗНА ЗА НАСТАВНИЧКАТА ЗАШТО КРСТОТ НЕ ГО ОДНЕЛА НА ШКОЛО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕМА КАЗНА ЗА НАСТАВНИЧКАТА ЗАШТО КРСТОТ НЕ ГО ОДНЕЛА НА ШКОЛО

    Наставничката Жанета Петровска од Битола, која синоќа на прославата на ВМРО-ДПМНЕ носеше надгробен крст со името на Зоран Заев нема да биде казнета ни од школото, ни од Просветниот инспекторат, зашто настанот се случил на улица,  а не во училиште.

    Директорката на училиштето „Св. Кирил и Методиј“ Кристина Полизовска потврди дека Петровска е вработена во нивното школо. Во телефонски разговор за „САКАМ ДА КАЖАМ.МК“  Полизовска рече: „Нема да коментирам нешто што се случило надвор од училиштето и работното време, нити го оправдувам, нити го осудувам, ако се случеше во школото прва ќе реагирав“.

    За настанот нема да реагира ни Просветсниот инспекторат од Битола. Инспекторката со која разговаравме на телефон, а која одби да ни се претстави, само изјави дека „не можат да постапуваат по случајот зашто бил надвор од школото, на улица каде граѓаните ја изразуваат својата волја“.

    Засега не успеавме телефонски да ја добиеме советничката на образование во Општина Битола, Снежана Петровска, да ни одговори дали од таму ќе побраат одредени санкции против наставничката.

    Заменик Народниот правобранител Лилјана Илиевска вели дека се работи за класичен говор на омраза за кој следува казна најмалку од три месеци затвор.(Фото: СДК.МК)

    Заменик Народниот правобранител Лилјана Илиевска вели дека се работи за класичен говор на омраза за кој следува казна најмалку од три месеци затвор.(Фото: СДК.МК)

    Заменик народниот правобранител Лилјана Илиевска вели дека се работи за класичен говор на омраза за кој следува казна најмалку од три месеци затвор.

    „Говорот на омраза е најгруб начин на дискриминација и може да се јави по сите дискриминаторски основи, помеѓу кои спаѓа и дискриминација врз политичка припадност. Говорот на омраза е говор кој шири омраза, повикува или поттикнува на дискриминација и насилство и затоа истиот е третиран и како криминал од омраза. Ова од причина што сторителот е мотивиран од предрасуди кон групната припадност на Зoран Заев. Говорот на омраза се забранува поради повредата која ја прави, поточно го повредува достоинството на индивидуата како припадник на група. Тој има намера за ширење на омраза и има способност да доведе до нарушување на јавниот ред и мир, или насилство и тоа како моментални инциденти“, вели Илиевска за „САКАМ ДА КАЖАМ.МК“.

    Таа додава дека говорот на омраза има третман на криминал од омраза и е предвиден во членот 137 од Кривичниот законик на РМ, во делот на кривичните дела против слободите и правата на граѓанинот и се санкционира со казна затвор од три месеци до три години.

    „За разлика од говорот на омразата, навредата и клеветата со кои се тангира само личноста на една индивидуа има граѓанско -правен третман, додека говорот на омраза има кривично-правен третман“, додава Илиевска.

    Наставничката Жанета Петровска беше фотографирана вчеравечер, за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, како со уште едно лице носи надгробен крст на кој пишуваше Зоран Заев. Покрај името беа ставени годината на неговото раѓање 1974 и сегашната 2016 како година на починување. Таа е сопруга на директор на друго училиште во Битола.

    Надгробниот крст беше изработен ден по големата прослава на СДСМ поради поголемиот број на гласови кои ги доби во Битола за разлика од ВМРО-ДПМНЕ. По 2002 година ова беа први избори на кои СДСМ успеа да освои повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира