ТРЕТ ДЕН ПО РЕД ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО ГИМНАЗИЈАТА „НИКОЛА КАРЕВ“

    ТРЕТ ДЕН ПО РЕД ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО ГИМНАЗИЈАТА „НИКОЛА КАРЕВ“Изминатите два дена во повеќе средни скопски школи стигнаа е-пораки за поставена бомба, испраќачите уште не се откриени.(Фото: К. Попов)

    Трет ден по ред дојава за бомба е стигната во скопската гимназија „Никола Карев“. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), пријавено е дека околу 14 часот на адресата за е-пошта на средното училиште стигнало закана за поставена бомба.

    Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштeто и антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР и додаваат дека превентивно се евакуирани и другите средни училишта во Скопје.

    Изминатите два дена во повеќе средни скопски училишта стигнаа е-пораки за поставена бомба, по што учениците беа евакуирани и наставата прекината.

    Досега лицата која ги праќаат заканувачките пораки не се откриени, а министерот Оливер Спасовски рече дека имале првични индиции кои се испраќачите на заканите.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира