УЕФА ја казни Фудбалската федерација на Македонија со речиси 15.000 евра за инцидентите на средбата од Лигата на нации помеѓу Македонија и Бугарија, одигран пред 20.000 гледачи на арената „Тодор Проески“ во Скопје на 26 септември.
ФФМ ќе мора да плати 10.000 евра за исвиркувањето на бугарската химна пред почетокот на натпреварот, а изречена е и дополнителна казна од 4.500 евра за фрлање предмети на теренот.
Бугарија на крајот славеше со 1:0 и ја остави Македонија на третата позиција во групата.