ЌЕ СТОРАМ СЀ ШТО МОЖЕ ЗА ДА НЕМА ПОСКАПУВАЊЕ НА СТРУЈАТА, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕГУЛАТОРНА БИСЛИМОСКИ

    ЌЕ СТОРАМ СЀ ШТО МОЖЕ ЗА ДА НЕМА ПОСКАПУВАЊЕ НА СТРУЈАТА, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕГУЛАТОРНА БИСЛИМОСКИЕвентуалното зголемување на ДДВ-то од 5 на 10 проценти би значило зголемување за 4,7 % на вкупниот трошок на домаќинствата за струја, рече Бислимоски. (Фото: СДК.МК)

    Нема потреба од брзање со давање изјави дека цената на електричната енергија после први јануари ќе се зголеми, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски денеска во Струмица. Тој рече дека треба да се направи детална анализа за да се види како ќе заврши производството на енергија од ЕСМ, колкави се приходите од продажбата, колкава е потребата од увоз, загубите, за да се знае реалната слика од аспект на домашното производство и што се планира идната година.

    Министерот Фатмир Бесими најави зголемување на ДДВ-то за електрична енергија после 1 јануари од 5 на 10 %, а вицеприемиерот Фатмир Битиќи кажа дека од Нова година можни се нови цени на струјата за домаќинствата.

    „Ние како Регулаторна комисија ќе направиме дополнителни анализа за создавање решенија за да можеме ова зголемување на ДДВ-то што се најавува, да го амортизираме и да им излеземе во пресрет на барањата на домаќинствата. Јас сум противник за вакви изјави без да се направи анализа на пазарот на електрична енергија. Сè што ми стои како механизми на располагање ќе бидат искористени да нема зголемување на цената на електричната енергија, рече Бислимоски.

    Тој кажа дека евентуалното зголемување на ДДВ-то од 5 на 10 проценти, според математиките на Регулаторна, на сегашната цена во апсолутна вредност би значило зголемување за 4,7 % на вкупниот трошок на домаќинствата за струја. Тој рече дека сепак ова е одлука на Владата која допрва треба да се изјасни дали ДДВ од Нова година ќе биде 10 проценти.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира