ЈАПОНЦИТЕ ГИ ИСЧИСТИЈА ТРИБИНИТЕ ПО ПОБЕДАТА НАД ГЕРМАНИЈА, НАВИКАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ ЈА СТЕКНУВААТ КАКО ДЕЦА

    ЈАПОНЦИТЕ ГИ ИСЧИСТИЈА ТРИБИНИТЕ ПО ПОБЕДАТА НАД ГЕРМАНИЈА, НАВИКАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ ЈА СТЕКНУВААТ КАКО ДЕЦАДодека фудбалерите го напуштаа теренот, јапонските фанови зедоа пауза од славењето со цел да го соберат ѓубрето од стадионот „Халифа“ (Фото: Гети)

    Јапонија вчера го приреди второто големо изненадување на Светското првенство во Катар кога ја совлада Германија со 2:1, но место да продолжат да слават, јапонските навивачи покажаа дека добрите манири и навики се на првото место, без разлика на ситуацијата.

    По завршувањето на натпреварите, трибините вообичаено се полни со отпадоци, најчесто од храна и пијалаци, зашто навивачите сметаат дека има кој да зачисти зад нив. Јапонците не се однесуваат така.

    Во Јапонија, чистењето е дел од културата (Фото: Гети)

    Додека нивните фудбалери го напуштаа теренот, јапонските фанови зедоа пауза од славењето со цел да го соберат ѓубрето од стадионот „Халифа“. Тие го правеа истото и на последното Светско првенство во Русија, па дури и по првиот меч во Катар, кога Јапонија не ни играше, туку домашната селекција против Еквадор.

    Во Јапонија, чистењето е дел од културата и оваа навика им се всадува на луѓето уште на рана возраст.

    Чистењето е начин на кој Јапонците ја демонстрираат гордоста со нивниот начин на живот. Собирањето ѓубре по фудбалски натпревари е само продолжување на основното однесување што го учат во училиште, каде што децата редовно ги чистат училниците и ходниците“, вели Скот Норт, професор по социологија на Универзитетот во Осака.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира