ВЕЛЕС И ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ ЌЕ БИДАТ ДОМАЌИНИ НА ЕВРОПСКИОТ КУП ВО ДАЛЕЧИНСКО ПЛИВАЊЕ

    ВЕЛЕС И ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ ЌЕ БИДАТ ДОМАЌИНИ НА ЕВРОПСКИОТ КУП ВО ДАЛЕЧИНСКО ПЛИВАЊЕВелешкиот пливачки маратон следната година ќе го има своето десетто издание (Фото: СДК.МК)

    Велес ќе биде домаќин на Европскиот куп во далечинско пливање, одлучи Европската пливачка федерација. Според објавениот календар, настанот ќе се одржи на 3 септември на езерото Младост. Велешкиот пливачки маратон следната година ќе го има своето десетто издание, а го организираат здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“ и ККК „Бабуна“, заедно со Пливачката федерација на Македонија.

    Ова е голема чест за нас, но и голем предизвик. Имаме поддршка од локалната власт. Имаме искуство од девет години организација зад нас и очекувам да бидеме добри домаќини“, кажа Иле Попов, претседателот на „Клуб 28.

    На ланскиот Европски куп во далечинско пливање учествувале повеќе од 200 натпреварувачи во машка и женска конкуренција. Календарот на Европскиот куп се состои од шест трки, а петтата ќе биде на езерото Младост.

    Сезоната почнува во Израел на 19 март, а ќе се плива и во Италија, Белград, Словачка и Шпанија.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира