ДИК ДА ДОНЕСЕ ПРАВИЛНА ОДЛУКА ИЛИ ЌЕ СЕ СООЧИ СО ГНЕВОТ НА НАРОДОТ, ПОРАЧА МИЛОШОСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДИК ДА ДОНЕСЕ ПРАВИЛНА ОДЛУКА ИЛИ ЌЕ СЕ СООЧИ СО ГНЕВОТ НА НАРОДОТ, ПОРАЧА МИЛОШОСКИ

    Антонио Милошоски, носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во „петката“, порача дека Државната изборна комисија вечерва има избор да ја потврди победата на ВМРО-ДПМНЕ или да се соочи со гневот на народот, во обраќањето пред приврзаниците на неговата партија, кои се собрани пред ДИК.

    „Ние не сакаме нереди, само сакаме да се потврди нашата победа. Победа со 51 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Вечерва ДИК ќе донесе правилна одлука или ќе се соочи со гневот на народот“, изјави Милошоски пред ДИК.

    По Милошоски, пред насобраните се обратија и Илија Димовски, носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица, и Влатко Ѓорчев, носителот во „шестката“.

    „Добија се што побараа, како никој во светот. Министер за внатрешни работи, министер за труд и социјала, заменици за финансии, земјоделие, за администрација со право на вето и ад-хок тело за цензура кое даваше казни само на одредени медиуми, како никаде во светот. Казнуваа новинари поради мислење или изнесен став“, рече Ѓорчев.

    Додека трае собирот, ДИК продолжува да заседава по приговорите на СДСМ и Беса за изборите во неделата.

    Седум од осумте приговори на Беса беа одбиени, како и првите два од осумте на СДСМ. За последниот приговор на Беса се чека графолошко вештачење на гласачка од Гостивар за да се утврди дали таа гласала два пати или некој друг гласал место неа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира