ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ПОВТОРНО ЗЕМА ЗАМАВ, КАЖА ФОН ДЕР ЛАЈЕН НА САМИТОТ ВО ТИРАНА

    ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ПОВТОРНО ЗЕМА ЗАМАВ, КАЖА ФОН ДЕР ЛАЈЕН НА САМИТОТ ВО ТИРАНАЗемјите од Западен Балкан, како што кажа Фон дер Лајен, ќе добијат 500 милиони евра помош за справување со кризата. (Фото: Влада на РСМ)

    Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен смета дека проширување на Европската унија повторно добива замав. Фон дер Лајен по пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана рече дека новиот импулс во процесот на проширување се докажува со многу почестите средби кои се остваруваат сега.

    Подготвивме пакет за Западен Балкан кој е одраз на она што го прави ЕУ и кој содржи 500 милиони евра кои земјите од регионот ќе ги искористат за да им помогнат на своите граѓани и бизниси во овие тешки времиња. Пакетот содржи уште 500 милиони евра за директни инвестиции во инфраструктурата за зелената енергија, како што се сончевата и ветерната енергија, во интерконекции, но и во програми во насока на зелен водород “, рече Вон дер Лајен.

    Прашана за влијанието на војната во Украина, таа рече дека и покрај влијанието на Русија, на сите шест земји од Западен Балкан членството во ЕУ им е приоритет.

    На вас е да одлучите на која страна сте. На страната на демократијата, која е ЕУ, која е ваш пријател и партнер, или сакате да одите на друг начин. Тоа се основните прашања за кои ќе разговараме. Забележувам со сите шест земји од Западен Балкан дека членството во ЕУ и ЕУ се нивна приоритетна цел и токму тоа го поддржуваме“, рече претседателката на Европската комисија.

    На Самитот во Тирана премиерот Димитар Ковачевски кажа дека мирот и стабилноста на Балканот се предуслов за мир и стабилност на цела Европа и најави дека наскоро ќе бидат усвоени уставните измени што е предуслов за европскиот пат на земјава.

    Работејќи заедно на оваа важна цел, земјите од Западен Балкан, како земји од доверба на ЕУ обезбедуваат сигурна иднина како за граѓаните, така и за развој на економиите и просперитет во државите. Република Северна Македонија и Република Албанија ги започнаа преговорите со ЕУ за полноправно членство на ЕУ и продолжуваат посветено да работат на скрининг процесот со сите свои капацитети. Исто така Република Северна Македонија очекува наскоро да ги направи уставните измени со кои уште еднаш ќе покаже највисок степен на демократија и почитување на основните човекови права“, рече Ковачевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира