Од денес до сабота, со театарски претстави Штип ќе прослави слави 128 години театарско живеење во градот. Неделата на штипскиот театар ќе стартува со претставата „Умри машки“, во продукција на Штипскиот театар. Поради големиот инетерес за оваа претстава, ќе се прикаже и утре, 13 декември. Во изведба на Штипскиот театар ќе бидат и претставите „Амбасадор“ и „Пасивно пушење “ што ќе се прикажат на 14, односно на 15 декември. Наредниот ден ќе се прикаже театарската претстава „Секс и лаги“ во изведба на Театарот Трајко Прокопиев“ од Куманово , а на 17 декември ќе гостува Турскиот театар од Скопје со претставата „Човек перница “ .
Центарот за култура „Ацо Шопов“, во чии рамки работи и Народниот театар во Штип, во изминатата недела прикажа четири претстави и тоа: „Пациенти “ од Театарот Провокација од Скопје, „Избувливиот човек “ од Театарот „Бели мугри“ од Кочани, и претставите „ ЈЗУ Европа“ и „Власт“ во изведба на Народниот театар во Штип.
Сите претстави почнуваат во 20 часот на сцената на Народниот театар во Штип. Билетите се 200 денари за една претстава, а блокот влезници е 1.000 денари.
Според енциклопедијата за театарот во Штип, за почетоците на театарскиот живот се земаат 1920-те, во кои музичките и театарските ентузијасти од градот одлучиле својот културен идентитет да го конструираат и преку сценската практика. Сепак, врз основа на историски пишувани документи, Институтот за театрологија смета дека првата театарска претстава во Штип била изведена пред 128 години кога во Штип биле учители Даме Груев, Пере Тошев и Гоце Делчев.
Во учебната 1894/95 година тие ја поставуваат на сцена романтичната трагедија „Разбојници“ од Фридрих Шилер. Тројцата револуционерни дејци во Штип биле учители од 1894 до 1896.
- ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, ДАМЕ ГРУЕВ И ПЕРЕ ТОШЕВ ПРЕД 126 ГОДИНИ ЈА ПОСТАВИЛЕ ПРВАТА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ВО ШТИП
Т. ЈОВАНОВСКИ