АРГЕНТИНА ВО ФИНАЛЕТО НА МУНДИЈАЛОТ ВО КАТАР, ХРВАТСКА ЌЕ ИГРА ЗА БРОНЗА

    АРГЕНТИНА ВО ФИНАЛЕТО НА МУНДИЈАЛОТ ВО КАТАР, ХРВАТСКА ЌЕ ИГРА ЗА БРОНЗАМеси и Алварес беа клучните играчи во првото полуфинале (Фото: АП)

    Аргентина е првиот финалист на Мундијалот во Катар, со што Лео Меси го продолжува својот сон за освојување на светска титула. Актуелниот светски вицешампион Хрватска изгуби со 3:0 и повторно ќе се бори за утешниот бронзен медал како во Франција во 1998.

    Централната фигура на првото полуфинале беше Хулијан Алварес, кој прво изнуди пенал што Меси го претвори во водство на Аргентина во 34. минута, а пет минути подоцна сам тргна од половина терен и на крај го совлада Ливаковиќ за 2:0.

    Алварес го постигна и третиот гол во 69. минута по извонредните соло-пробив и асистенција на Меси.

    Аргентина, која го почна првенството со шокантен пораз од Саудиска Арабија, во финалето ќе игра против подобриот од утрешниот меч Франција-Мароко.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира