ФРАНЦИЈА ПРОТИВ АРГЕНТИНА ВО ФИНАЛЕТО НА МУНДИЈАЛОТ ВО КАТАР

    ФРАНЦИЈА ПРОТИВ АРГЕНТИНА ВО ФИНАЛЕТО НА МУНДИЈАЛОТ ВО КАТАРМароко ќе се бори за бронза в сабота (Фото: АП)

    Франција ќе ја брани титулата во финалето на Светското првенство во Катар откако го совлада Мароко со 2:0 на вториот полуфинален дуел. Мароко, пак, ќе има можност да стане првата африканска селекција која освоила мундијалски медал, кога ќе се сретне со Хрватска во мечот за третото место в сабота.

    Франција рано поведе, уште во петтата минута, со голот на Тео Ернандез, а конечните 2:0 ги постави Рандал Коло Муани во 79. минута, само една минута откако влезе во игра. Муани во последен момент доби место во тимот за СП, заменувајќи го повредениот Нкунку.

    Финалето се игра в недела од 16 часот, кога Франција ќе се соочи со Аргентина, во последниот обид на Лео Меси да стане светски првак. На спротивната страна ќе биде Килијан Мбапе, кој со само 23 години би можел да има две титули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира