Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во 17 основни и 22 средни училишта во Скопје и во осум основни плус еден клон и едно средно училиште во Куманово, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР) откако завршија сите потребни проверки.
„Направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и Куманово, по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопшти МВР.