ЗАЕВ ПОВИКА НА ТРПЕНИЕ ПО ГОВОРОТ НА ГРУЕВСКИ ПРЕД ДЕМОНСТРАНТИТЕ КАЈ ДИК

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАЕВ ПОВИКА НА ТРПЕНИЕ ПО ГОВОРОТ НА ГРУЕВСКИ ПРЕД ДЕМОНСТРАНТИТЕ КАЈ ДИК

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва повика на трпение и воздржаност откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред седиштето на ДИК објави дека неговата партија нема да учествува на прегласувања и нема да учествува во преговори со странски олеснувачи.

    Заев преку својот фејсбук профил повика институциите да си ја завршат својата работа согласно Уставот и законот, иако од одлуките на ДИК и Управниот суд не зависи кој ќе формира Влада, „но тие се важни заради вистината и фактите“.

    “Да не дозволиме никакви провокации од никого вклучително и од оној што 10 години ја упропастуваше Македонија. Неговото време заврши“, порача Заев и напиша дека промените ќе се случат.

    „Промените се здрави за секоја држава така и за Македонија“ порача Заев и повикувам на достоинствено и трезвено однесување, трпение и воздржаност и одговорност кон државата и граѓаните.

    „Доаѓа слобода за сите граѓани, за сите кои гласаа за промени и за сите кои беа уценети и притиснати од Груевски“ напиша лидерот на СДСМ на својот фејсбук профил откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски најави дека неговата партија нема да учествува на прегласување ако таква одлука донесат Државната изборната комисија и Управниот суд и нема да ги признае резултатите од тоа прегласување.

    Според првичните, но не и конечни резултати соопштени од ДИК, на изборите во неделата ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеник, а СДСМ 49. ДИК вчера прифати еден приговор на Беса за гласачко место во Гостивар и го поништи гласањето. Денеска во ДИК се расправа за последниот приговор на СДСМ.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира