Вевчанци и овој јануари се осврнаа на настаните кои ја обележаа изминатата година преку дефилето на маски и костуми на традиционалниот фестивал, што ги претвори улиците на селото во отворен театар.
Во фокусот на василичарите беа економската и енергетската криза, војната во Украина, спорот со Бугарија и интеграцијата во Европската Унија, а на улиците на Вевчани можеа да се видат и кралицата Елизабета Втора, премиерот Димитар Ковачевски, па дури и Лео Меси.
Не изостанаа и традиционалните ликови, како зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи, а пред многубројните посетители се изигра и василичарското оро.
Градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски, кажа дека целта на карневалот е преку маските да ја потсетат владата како изгледала изминатата година.
Фото: Ѓ. ЛИЧОВСКИ