РАКОМЕТАРИТЕ СО ПОРАЗ ОД НОРВЕШКА ГО ПОЧНАА СВОЕТО ОСМО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

    РАКОМЕТАРИТЕ СО ПОРАЗ ОД НОРВЕШКА ГО ПОЧНАА СВОЕТО ОСМО СВЕТСКО ПРВЕНСТВОМакедонија беше рамноправна само во првите 20 минути (Фото: АП)

    Машката ракометна репрезентација со тежок пораз го почна настапот на своето осмо светско првенство. Во првото коло од групата Ф, која се игра во полскиот град Краков, избраниците на Кире Лазаров изгубија од фаворизираната Норвешка со 39:27.

    Првите 20-ина минути беа ветувачки, но откако Македонија израмни на 9:9, Норвешка нагло се одлепи и до крајот на полувремето веќе имаше убедлива предност од седум гола (18:11).

    Продолжението не донесе подобрување на ситуацијата за македонскиот тим и Норвешка рутински ја доврши работата.

    В недела, Македонија ќе игра со Холандија од 18 часот, а третиот противник ќе биде Аргентина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира