СОПСТВЕНИКОТ НА ДУЌАНОТ ПОЧНА САМ ДА ГО УРИВА ДИВИОТ БУТИК ВО СТАКЛАРНИК НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА

    СОПСТВЕНИКОТ НА ДУЌАНОТ ПОЧНА САМ ДА ГО УРИВА ДИВИОТ БУТИК ВО СТАКЛАРНИК НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈАДивиот бутик на улица Македонија работеше речиси половина година.(Фото: К. Попов)

    Сопственикот на дуќанот во кој е бутикот стакларник на улица Македонија утрово почна сам да го урива. Откако Општина Центар му даде рок да го отстрани објектот, за кој нема дозвола да продава облека, газдата денеска почна да ги вади деловите од стакленикот. 

    Сопственикот постапи по нашиот налог да го отстрани стакленикот и да ја ослободи јавната површина. Дејност може да врши само во деловниот објект“, вели Мирослав Богдановски, раководител на Инспекторатот на Општина Центар.

    Дивиот бутик на улица Македонија работеше речиси половина година. Никој од надлежните од Општина Центар не забележа дека недозволено се узурпира јавна површина сè додека САКАМДАКАЖАМ.МК не објави дека стакленик за кафуле е претворен во бутик. Општината тогаш рече дека нема повеќе пари за уривање на објекти и затоа ќе мора да чека да се донесе буџетот за 2023 година и тогаш ќе се урива.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира