Машката ракометна репрезентација го доживеа третиот висок пораз во Краков и не успеа да се пласира во главната фаза на Светското првенство во Полска и Шведска.
Во решавачкиот дуел за третото место во Ф групата, Македонија се покажа целосно немоќна и изгуби од Аргентина со 26:35, со што за првпат не успеа да освои ниеден бод во прелиминарната фаза на светските првенства.
Македонија со ова не го завршува настапот на своето осмо СП, туку ќе продолжи да игра во таканаречениот Претседателски куп за пласман од 25. до 32. место, заедно со останатите четвртопласирани селекции во групите. Засега е познато дека во групата во полскиот град Плок ќе бидат и Бахреин и Алжир.