ШТИПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ЌЕ ДОБИЕ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА ЗА ДООПРЕМУВАЊЕ НА ЛАБОРАТОРИСКИОТ ЦЕНТАР

    ШТИПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ЌЕ ДОБИЕ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА ЗА ДООПРЕМУВАЊЕ НА ЛАБОРАТОРИСКИОТ ЦЕНТАРПремиерот Ковачевски, министерот Шаќири и ректорот Мираковски разговараа за нова финаниска поддршка за доопремување на лабараторијата „Амбикон“. (Фото: СДК.МK)

    Научноистражувачкиот оддел на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип, кој и сега располага со еден од најсовремените лабораториски центри на Балканот, ќе добие од Владата нова финансиска поддршка од 500 илјади евра, најави премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета. Ќе се набави нова опрема за докомплетирање на трите лаборатории на УГД, кој изминатите години преку проектот „Амбикон“ од областа на медицината, фармацијата, аграрот, екологијата и животната средина врши лабораториски услуги на голем број институции и правни субјекти во земјата и странство.

    „Научноистражувачкиот центар и лабораториите на Универзитетот преку современиот Амбикон, располага со високо научно-стручен кадар и веќеофицијално стана најреномиран, со сите потребни акредитации по европските стандарди, верификувани и од Институтот за акредитицација на Македонија“, вели ректорот на УГД Дејан Мираковски.

    Тој вели дека во лабораторискиот центар се вршат сите можни испитувања, дури и оние колку во една просторија полна со луѓе изнесува аерозагадувањето и какви се негативни честитчки има внатре, дури и тоа колку и какви вируси има во дадената просторија што се испитува.

    Лабораториите кои се наменети за контрола на квалитативните и квантитативните параметри на амбиенталниот воздух, како и утврдувањето на нивото на одделни штетни, а невидливи честички, денеска беа презентирани пред премиерот Димитар Ковачевски и министерот за образование Јетон Шаќири, кои го посетија научно истражувачкиот оддел и неговиот лабораториски центар.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира